Цени
Сите цени се со пресметан ДДВ.
Нарачка
Брза нарачка без профил.
За да направите нарачка нема потреба да бидете логирани. Вашите податоци ќе служат само за испорака на производите.
Начин на плаќање
Начинот на плаќање на производите е со фактура или при самото нивно преземање од службата за достава.
При правење на нарачка имате две опции.
- Плаќање во банка
Кога ќе ја направите нарачката за плаќање во банка на емаил ќе ги добиете податоците на банката и износот за наплата.
Имајте во предвид дека прво треба нарачката да биде платена за да може да ја процесираме.
При доставата ќе добиете и фактура за испорачаната роба.
Ве молиме при уплата наведете го бројот на нарачката.
- Кеш при испорака
Плаќање на производите е при самото нивно преземање од службата за достава.
Цена за испорака
До 2,000 денари цената за испорака е 200 денари.
За нарачка над 2000 денари цената е бесплатна.
За нарачка над 3000 денари добивате поклон (поклонот ќе биде прикажан во кошничката)
За нарачка над 6000 денари добивате уште еден поклон (поклонот ќе биде прикажан во кошничката)
Испораката
Испораката на производите се извршува на адресата која купувачот ја навел при нарачката или до најблиското претставништво на службата за достава во вашиот град.
При примање на производот, примачот е должен да го провери производот за евентуални оштетувања при транспорт и да провери евентуални недостатоци.
Доколку се констатира некој од претходно наведените недостатоци, примачот е должен веднаш да пријави рекламација.
Пред испораката на производот, купувачот ќе биде телефонски контактиран за часот и денот на испораката.
Испораката на производите се прави на целата територија на Република Македонија, до сите населени места кои се поврзани со асфалтирана патна мрежа.
Времето на испораката е од 2 до 7 работни дена, во зависност нарачката (посебна изработка на нарачка) и од оддалеченоста на населеното место.
Доколку има доцнење на испораката Мастор ГАНН не сноси никаква одговорност доколку доцнењето е предизвикано од страна на компанијата која е ангажирана за извршување на испораката.
Во случај кога купувачот не е дома и не е достапен за доставување на порачката во договорениот термин и на наведената адреса, или нема обезбеден пристап и услови за предавање на производите во тој рок, Мастор ГАНН се ослободува од обврската да ги испорача производите наведени во порачката.
Враќање/Замена на производи
Производот може да се врати/замени во рок од 7 дена од денот на приемот на пратката при што производот мора да бидe неупотребуван, неоштетен и во оригинална амбалажа.
Горенаведените услови важат само за продажбите на онлајн продавницата e.gann.mk.
Барање за враќање/замена се доставуваат на емаил адреса e@gann.mk. Сите трошоци направени за враќање/замена на производите ќе бидат на трошок на клиентот.
Доколку производот е користен или оштетен и не ги содржи оригиналното пакување, етикети и декларации, купувачот нема право на замена или враќање на производот, и истиот неможе да биде вратен.
Во случај на враќање на средствата на купувачот, Мастор Ганн го враќа само износот за цената на производот, но не и трошокот за испорака кој го платил купувачот.
Рекламации
Рекламации за исправноста на производите се прифаќаат најдоцна наредниот ден заведен на листата за прием на пратката.
Доколку забележите фабрички оштетувања, видливи оштетувања направени при пакување или транспорт и/или производот ги нема сите составни делови, Ве молиме да не известите на емаил адреса e@gann.mk.
За прифатливо известување за рекламација ќе се смета емаил e@gann.mk испратен заедно со фотографии и/или видео од оштетениот производ.